fbpx

Состојки

СОСТОЈКИ ВО НАШИТЕ ПИЦИ И ПАСТА

ТЕСТО

Најважниот дел од пицата и она што и го дава посебниот вкус, се разбира, е токму тенкото и крцкаво тесто.
Нашето домашно подготвено тесто по традиционален италијански рецепт, замесено со свежи локални состојки со сигурност нема да ве остави рамнодушни!

Состојки: Млеко, пченично брашно, маслиново масло, свеж квасец, шеќер, сол.

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Правилниот избор на сирења и кашкавали додаваат совршен вкус и текстура на секоја пица.
Ги одбравме највкусните млечни производи со кои дополнително го збогатуваме нашето домашно пица тесто.

СУВОМЕСНАТИ

Специјално одбраните месни производи од месо со локално потекло даваат богат и ексклузивен вкус на секоја наша пица.

СВЕЖИ ЗЕЛЕНЧУЦИ И ЗАЧИНИ

Комбинацијата од различни состојки и вкусови нема граници и ни дозволува да експериментираме за да ви понудиме неверојатно искуство. Од маринираната тиквица до свежата рукола, како и миризливите билки и зачини, сите набавени од локални производители, нашите состојки ќе ве остават без здив.

КОНЗЕРВИРАНИ

Ги избираме најквалитетните конзервирани производи произведени по традиционален рецепт со цел да го задржиме автентичниот италијански вкус.

ПЕЧУРКИ

Правилно одбраните печурки го нудат препознатливиот месест и богат вкус на секоја пица. Ние ги пронајдовме најквалитетните локални свежи печурки за ваше задоволство!

ТЕСТЕНИНИ

Го одржуваме вашиот избор полесен и нудиме два вида на италијански тестенини, шпагети или таљатели. Дополнително, во нашата понуда ќе пронајдете и автентична италијанска лазања.

МАСЛА

Маслата кои се употребуваат во производството на нашите пици имаат голем број на придобивки и нутритивни вредности, а не изостануваат ни на скалата на вкусот!